Македонија повторно меѓу реформите и идентитетот

Македонија
kallerna, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент повторно ја отвори старата дилема: дали европскиот процес ќе остане реформски или повторно ќе биде заробен од идентитетските спорови. Според усвоениот текст, покрај оценките за реформите, во документот останаа и чувствителни формулации поврзани со Вториот протокол и концептот на „заедничка историја“.

Интересно е што европратеничката Ирена Јовева го поддржа извештајот, но истовремено јавно порача дека не поддржува внесување на прашањата за идентитетот, јазикот и историските толкувања во документи кои треба да се фокусираат на реформите и владеењето на правото.

Токму тука лежи суштината на проблемот.

Брисел повторно испраќа двојна порака.

Од една страна, бара реформи и нотира институционални слабости, политичко влијание и заостанување во реформската агенда.

Од друга страна, европската дебата повторно лесно се враќа на прашањата за идентитетот, јазикот и историјата.

За Владата ова создава простор за политичка мобилизација околу националните теми, а таму ВМРО-ДПМНЕ е „на свој терен“.

Но, за опозицијата, односно за СДСМ, тоа создава простор да праша што конкретно е направено за деблокада на евроинтеграциите, но и за реформите.

А за граѓаните останува истото прашање што се поставува веќе неколку години:

Дали Македонија е блокирана затоа што не спроведува доволно реформи, или затоа што европскиот процес е заложник на билатерални спорови во која го турна власта на ВМРО-ДПМНЕ?

Токму одговорите на овие прашања започнува да го дефинира и исполнува и времето и просторот кои, станува се’ поочигледно, одат кон вонредни избори.

Најчитано