Мицкоски: Од новата унгарска влада очекувам бескомпромисна поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ

Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека не очекува никакви промени во односите на земјата со Унгарија и истакна дека очекува бескомпромисна поддршка од новата влада во Будимпешта за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ).

„Маѓар ја доби поддршката од унгарските граѓани“, изјави Мицкоски пред новинарите.

Премиерот му честиташе на лидерот на Партијата за почит и слобода (Тиса) Петер Маѓар за неговата победа на парламентарните избори одржани во неделата и рече дека очекува политиките што тој ќе ги води (како премиер) „да бидат проевропски и проинтеграциски“.

„Очекувам бескомпромисна поддршка за интеграција на регионот, вклучително и нашата земја, во ЕУ“, рече Мицкоски.

На прашањето дали кредитот што Северна Македонија го доби од Унгарија е во опасност, тој рече дека „не очекува апсолутно никакви промени, бидејќи договор си е договор и договор треба да се почитува“.

„Договорите (за унгарскиот кредит) се со Ексим банка, а не со владата“, рече Мицкоски.

Претседателот на Унгарија, Тамаш Сулок, утре ќе се сретне со победникот на парламентарните избори, Петар Маѓар.

„Интерес на Унгарија е што поскоро предавање на власта и инаугурација на нова влада“, напиша Маѓар во објава на X, под документот со кој претседателот го поканува во палатата Шандор.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го призна поразот во неделата навечер по „болниот изборен резултат“. Партијата на Петер Маѓар освои двотретинско мнозинство во парламентот со 199 места.

Зачлени се на нашиот е-билтен