МВР сѐ уште во молк за предметот можна шпионажа во претседателскиот кабинет

шпионажа

Извори на Рацин.мк во обвинителството потврдија дека отвориле предистражна постапка за можна шпионска активност во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Од таму уште потврдија дека од МВР немаат возвратна комуникација за нивните барања за пристап до содржината на материјалот од видеокамерите во претседателскиот и пред претседателскиот кабинет, за да се докаже точно кој преснимувал и извлекувал доверливи информации од компјутерскиот систем.

Според досега објавените информации во повеќе македонски медиуми, бвинителката за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ три месеци чека МВР да ѝ одговори, да испрати резултати по нејзината наредба за анализа на податоци земени од компјутери од претседателскиот кабинетот по дојава за оддавање службена и државна тајна и шпионажа од вработен од Кабинетот.

Токму оваа „дојава“ е клучниот момент во овој „скандал во развој“. Од обвинителството велат предистрагате е започната пред три месеци, а во медиумите се појавија информации дека за овој „скандал“ дојавиле „група вработени“ во МВР и циркулира наводно писмо со датум од 17 мај 2026 година.

Но, според досега објавените информации Обвинителството постапката ја отворило уште во ноември минатата година кога до Основниот кривичен суд Скопје било доставено Барање за издавање наредба за пребарување на компјутерски систем, со цел да се утврдат содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката.

Истражителите одзеле компјутери, лаптопи од кабинетот на Сиљановска-Давкова, биле дадени во МВР да ги вештачи. Од МВР, како одговорно за безбедносните камери, Коларевиќ ја побарала содржината за да види со лик на слика, т.е. на снимка, кој извлекувал информации со доверлива содржина.

Под сомнение е ИТ-администратор во Кабинетот на претседателката, а се споменуваат и други функционери од Кабинетот и од Агенција за разузнавање, за кои постојат сомнежи дека можеби учествувале во прикривање докази.

Од МВР, како одговорно за безбедносните камери, Коларевиќ ја побарала содржината за да види со лик на слика, т.е. на снимка, кој извлекувал информации со доверлива содржина.

Обвинителката за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ три месеци чека Министерството за внатрешни работи, но, МВР не му одговара на Обвинителството ни за содржината на материјалот од видеокамерите во претседателскиот и пред претседателскиот кабинет, за да се докаже точно кој преснимувал и извлекувал доверливи информации од компјутерскиот систем.

„До денеска, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) нема нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази.​ Од страна на МВР до денес не се доставени ни повратни информации, известување, за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видеонадзорот“, велат за СДК.мк, од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Најчитано