На бугарските журналисти им пречи што Сиљановска-Давкова побара да ѝ поставуваат прашања на англиски

бугарските

На бугарските журналисти им пречи што Сиљановска-Давкова побара да ѝ поставуваат прашања на англиски, пренесуваат медиумите во Бугарија и настојчиво потсетуваат дека за време на претходните посети на Софија не ѝ пречело да одговара на македонски кога ѝ поставувале прашања на бугарски јазик.

Претседателката на Северна Македонија не ја прифатила ниту провокацијата на новинарите во Бугарија кога ја прашаа дали ѝ пречи кога во Србија нејзината земја за нарекуваат „Јужна Србија“ или „Јужна бановина“.

Како одговор на тоа прашање Сиљановска-Давкова цитираше фраза од бугарскиот писател Георги Господинов: „Живејте во сегашноста и обидете се да ја предвидите иднината“, по што додаде: „Ние сме заглвени во минатото“.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера, заедно со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, учествуваше на јубилејниот самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП) во Софија.

Доцна синоќа таа имаше средба со претседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Најчитано