Наместо прес конференција, Мицкоски ја „покри“ средбата со Ескобар само со партиско соопштение

За разлика од Димитар Ковачевски кој после средбата со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар одржа прес конференциија и одговараше на прашања на новинарите, за средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со заменик-помошник државниот секретар на САД, партијата испорача само напишано соопштение во кое се вели дека на средбата бил потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

На средбата во Амбасадата на САД во Скопје, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцирал дека актуелната власт за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. 

– Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на Мицкоски и Ескобар, на која присуствувале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и амбасадорката  Ангела Агелер, исто така од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира