Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, чија главна цел е навремено справување со потенцијални енергетски кризи и обезбедување стабилно снабдување.

На првиот состанок, членовите го дефинираа планот за работа, кој опфаќа редовна анализа на домашниот и регионалниот енергетски пазар. Комисијата е иницијатива на министерката за енергетика, Сања Божиновска, која изјави:

„Оваа Комисија е пример за проактивен пристап во енергетскиот сектор. Не станува збор само за реакција на кризни ситуации, туку за градење систем кој превенира и обезбедува стабилност за граѓаните и економијата.“

Клучни задачи на Комисијата се координација меѓу релевантни институции, енергетски компании и експерти, континуирано следење на снабдувањето со струја, анализа на пазарните ризици, предложување мерки за спречување на кризни сценарија.

Комисијата ќе заседава редовно, а во услови на криза, состаноците ќе се одржуваат секојдневно. Освен претставници од Министерството, ќе учествуваат и надворешни експерти за да се обезбедат целосни и брзи решенија.

Министерството ќе ја информира јавноста за сите препораки и преземени чекори, со што оваа иницијатива се позиционира како важен механизам за унапредување на енергетската безбедност во земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен