ОЈО отвори истрага за нападнатиот гинеколог во „Букурешт“, бара забрана за приближување

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице осомничено за насилство врз гинеколог во приватна ординација во рамки на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје.

Според досега обезбедените докази, нападот се случил на 16 септември додека лекарот бил на своето работно место.

Обвинителството наведува дека осомничениот најпрво му се заканувал на гинекологот, а потоа физички го нападнал со повеќе удари. Со нападот, според ОЈО, било предизвикано чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други лица кои во тој момент биле присутни во ординацијата.

Против осомничениот е донесена наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за кривично дело „Насилство“, од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството бара забрана за приближување

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост.

Меѓу нив е и забрана осомничениот да му се приближува на нападнатиот лекар, како и на неговата ординација во поликлиниката „Букурешт“.

Станува збор за гинекологот Дејан Огненовиќ, за чиј напад претходно реагираше и Лекарската комора.

Комората побара случајот брзо да биде расчистен и сторителот соодветно да биде санкциониран, нагласувајќи дека насилството врз здравствените работници е неприфатливо и дека лекарите мора да имаат безбедни услови за работа.

Истрагата на ОЈО Скопје сега треба да ги утврди сите околности околу нападот и кривичната одговорност на осомничениот.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?