Платформерите од 12:05 растргнати меѓу “интелектуалната дебата” и првиот скандал во сопствените редови

12:05

Почетокот на есента носи раздвижен политички пејзаж, особено во опозицискиот блок каде што различни групи дејствуваат со дијаметрално спротивни цели. СДСМ ја заострува реториката кон власта на Мицкоски наметнувајќи наративи за „арамилук“, Левица одржува спорадични напади, а ДУИ бара предвремени избори, позиционирајќи се како единствен легитимен претставник на албанскиот електорат.

Во сенка на овие дневно-политички збиднувања, зачинети со милионската прослава за независноста, летните скандали со небезбедна вода за пиење и мегаломанската посета на премиерот на Вашингтон, се појавува прогласот на некогашните членови на СДСМ, сега наводно опозициски организирани во „Платформа 12:05“. Под слоганот „Разговори за иднината“, на 26 септември во хотелот „Стоун Бриџ“ тие ќе дебатираат на тема „35 години потоа…“.

Ваквата трибина можеби и ќе минеше како добронамерна експертска понуда на некогаш истакнати, а сега одметнати кадри на СДСМ, ако не се случеше интервјуто на лидерот Венко Филипче. Обвинувајќи ја групата дека е „сателит на ДПМНЕ“ и „ЗНАМ 2.0“, тој објави документи од тендер на државно претпријатие. Добитникот на набавката од 1,6 милиони евра е навидум грчка фирма, која документациски е тесно поврзана токму со еден од клучните луѓе на Платформата – екс-генералниот секретар на СДСМ, Никола Ќуркчиев.

Оттаму и главниот мотив за оваа анализа поткрепен и од двојството во реакциите на Ќуркчиев и Платформата во рок од 24 часа.

Првично, Ќуркчиев преку демант се обиде да го релативизира скандалот: „Јас сум пензионер кој како машински инженер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија…“

Но, веќе утредента, истиот Ќуркчиев ги прогласи документите за фалсификат и груби лаги. Во ист тон реагираше и Платформата, третирајќи ги обвинувањата како политички атак и недостиг на демократски капацитет.

Овие реакции го наметнаа прашањето: за каков демократски капацитет станува збор? Дали е ова автентична опозициска енергија или „демократска“ операција на власта односно разоткриен обид за ситнење опозицијата преку сателит-движења?

На ова Рацин.мк укажа уште во првите анализи во однос на Платформата 12:05, во однос на нејзината појдовна политичка основа, како и во однос на прашањата кои ги отвора, а кои многу повеќе се бават со опозицијата, отколку со власта.

Платформа што формално зборува за борба против силна власт, а практично ја насочува енергијата кон единствената голема опозициска партија, не ја обединува опозицијата. Тоа е наменски обид за ситнење за опозицијата. Тоа многу добро го знаат челниците на Платформата затоа што станува збор за искусни политичари.

Може иницијаторите на Платформата да повторуваат дека не формираат партија, но политичките иницијативи не се оценуваат само според декларациите, туку и според целите што си ги имаат поставено.

Па дури и декларативно, во соопштенијата на платформата има само општи формулации за „неефикасна власт“ и „силна владејачка партија“, но нема конкретна критика за ниту една владина политика, кадровски скандал, институционален неуспех, економска одлука или застој во европските интеграции. Куп скандали ја тресеа власта во периодот после првата “чатам-хаус” средба на платформерите, но од нивна страна немаше ниту една реакција упатена кон власта.

Нема однос кон секојдневието со кое се мачат граѓаните, нема одговорност, нема барања, нема реакции, нема притисок кон власта. Целиот политички фокус завршува, според нив, кај слабоста на опозицијата и потребата таа вредносно и идеолошки да се преуреди. Тоа не е случаен пропуст. Тоа е суштината.

Случајот со членот на Платформата Ќуркчиев укажа на уште една пукнатина во Платформата.

Како да станува очевидно дека иницијаторите на „Платформа 12:05“, наместо да ја сочуваат платформата како простор за конструктивен дијалог, дозволија меѓу нив да се протнат личности кои им произведуваат скандали поврзани со милионски тендери.

И така, Платформата уште не ни почната да функционира како што треба, почна да станува позната по скандали во сопствените редови, наместо по “интелектуалната дебата”.

И кога сме кај изведување заклучоци за делувањето на „платформерите“, паѓа во очи и нивното ад-хок делување, без системски и континуиран пристап кон прашањата, темите и тековниот, актулен политички процес во Македонија.

Оттука и најавената трибина „35 години потоа…“, укако да е проѕирен обид за вештачко одржување опозициски легитимитет и инструмент за ситнење на антивладиниот глас.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Распад на општествените системи какви што ги знаеме 332 (47%)
47 %
Поголема невработеност 137 (19%)
19 %
Помош во секојдневниот живот 122 (17%)
17 %
Развој на нови индустрии и работни места 112 (16%)
16 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Распад на општествените системи какви што ги знаеме 332 (47%)
47 %
Поголема невработеност 137 (19%)
19 %
Помош во секојдневниот живот 122 (17%)
17 %
Развој на нови индустрии и работни места 112 (16%)
16 %