Полицијата одзеде автобус на автопатот Велес-Скопје на школска екскурзија, учениците безбедно пренесени во Скопје

автобус

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје.

Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност.

Патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.

По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен