Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Утринските температури се движат од 15 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 32 до 39 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 39 степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Нестабилноста ќе продолжи и за време на викендот. Претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УХМР предупредува дека поради големата енергија во атмосферата локално процесите може да прераснат во невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

