Прегазена жена и дете на пешачки премин на Партизанска


Попладнево на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2, на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол, се прегазени жена и дете.

Очевидци информираат дека жената била однесена во болница во тешка состојба, додека детето лежело на тревникот. По 20-тина минути стигнала Итната помош, кои го превезле детето поради опасност од повреда на рбетот.

Од МВР потврдија дека ќе објават повеќе информации по завршување на увидот.

Најчитано