СДСМ: Половина Влада би требало да си замине доколку се забрани двојното државјанство

СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира откако ВМРО-ДПМНЕ го одби нивниот предлог-закон со кој би се забранило на членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство.

Според СДСМ, причината за одбивањето е јасна — голем број функционери во актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски поседуваат бугарски пасоши, вклучувајќи вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници и директори.

„Може во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши, ама малцинства во Уставот — тоа не може”, стои во соопштението на опозицијата, која ова го нарекува „врв на лицемерие”.

СДСМ потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ со години водела кампања за заштита на македонскиот идентитет, додека нивните функционери паралелно обезбедувале бугарски, односно европски документи за себе и своите семејства.

Опозицијата исто така потсетува дека истата партија последователно ги признала Преспанскиот договор, членството во НАТО и придобивките од нив — позиции кои порано јавно ги отфрлала.

Најчитано