Штајнекер: Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме

„Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме, во ова многу тешко време… Избор на секој човек или група, е да одговорат на овие проблеми, но, политичарите, бизнис елитите и интелектуалците, треба да играат водечка улога во овој одговор, во согласност со своите одговорности“, рече поранешната амбасадорка на Германија Гудрун Штајнакер на на третиот панел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, насловен „Спротивставување на авторитаризмот“.

Штајнакер рече дека „решенијата за овие прашања можат да ги најдат слободни луѓе, во слободни општества, слободен разговор и слободни медиуми“.

„Но често се случува сосема спротивното-интелектуалните елити ги злоупотребуваат своите влијанија, за повеќе да ги заплашат граѓаните, го гледаат својот интерес, и се решаваат за авторитарни решенија што е хипокризија во меѓународната политика“, укажа Штајнекер која сега е активна во Здружението на Југоисточна Европа и Фондацијата Еуронатур.

Гудрун Елизабет Штајнакер е поранешна германска дипломатка со истакната кариера која се протега повеќе од три децении. Таа имаше клучни функции, вклучително и амбасадорка во Северна Македонија (2011–2014) и Црна Гора (2014–2016). Штајнакер служела во амбасадите на Германија во Москва, Рим, Осло и Загреб и во ОБСЕ во Косово и Виена.

Зачлени се на нашиот е-билтен