Скопје 100. на светската листа за локални дигитални услуги

историска комисија

Скопје се најде на 100. место во светот според развојот на локалните онлајн услуги, покажува најновиот извештај на Обединетите нации „E-Government Survey 2026“. Македонскиот главен град значително заостанува зад Белград, кој е на 20. место, и Тирана, која е на 65. позиција, додека единствено Подгорица од споредуваните регионални главни градови е зад Скопје, на 105. место.

Разликите се видливи во Индексот на локални онлајн услуги (LOSI), со кој Обединетите нации го оценуваат развојот на дигиталните услуги на градско ниво.

Белград има индекс од 0,9505, Тирана 0,7525, Скопје 0,5743, а Подгорица 0,5446. Според овие резултати, Белград е 80 позиции пред Скопје, додека Тирана е 35 места повисоко на светската листа.

Индексот LOSI го следи развојот на локалната дигитална администрација, вклучувајќи ја достапноста на информации и електронски услуги, можностите за онлајн комуникација со граѓаните и нивното дигитално учество во локалните процеси.

Резултатите покажуваат дека, иако дигитализацијата на државно ниво во Македонија бележи напредок, Скопје има значителен простор за подобрување на локалните електронски услуги, особено во споредба со Белград и Тирана.

Македонија напредува на државно ниво, но соседите остануваат пред неа

За разлика од рангирањето на главните градови, Македонија бележи напредок според националниот Индекс за развој на електронската влада (EGDI).

Во извештајот за 2026 година, Северна Македонија се наоѓа на 68. место во светот, со индекс од 0,7841. Во 2024 година беше на 84. место, што претставува напредок од 16 позиции.

Со овој резултат, земјата премина од групата со високо ниво на развој на електронската влада во групата со многу високо ниво, односно „Very High EGDI“.

Сепак, споредбата со соседните држави покажува дека Македонија и натаму заостанува зад Србија и Албанија. Србија е на 22. место во светот, со индекс од 0,9156, додека Албанија е на 53. позиција, со индекс од 0,8285. Црна Гора се наоѓа на 76. место, со индекс од 0,7643.

Но, резултатите за главните градови покажуваат дека напредокот на националната дигитална администрација не значи автоматски и подеднакво развиени услуги на локално ниво.

Истражувањето на Обединетите нации ја оценува дигиталната трансформација на јавната администрација, а посебниот индекс LOSI овозможува споредба на развојот на онлајн услугите во градовите ширум светот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?