Паркирањето на девет сообраќајници во Битола денеска, 22 ноември, е забрането од 8 до 23 часот поради присуство на странски делегации. Во одредени делови од градот се применува и изменет режим на сообраќај, информираат надлежните служби.
Според известувањето на ЈП „Паркинзи“ Битола, забраната за паркирање ги опфаќа улицата „Филип Втори Македонски“, булеварот „Први Мај“ и улиците „Столарска“, „Добривое Радосавлевиќ“, „Никола Тесла“, „Димитар Илиевски Мурато“, „Македонска Фаланга“, „Вардарска“ и „Солунска“.
Одделно, затворен е и паркингот пред Домот на културата. За овој простор ограничувањето почна вчера, 21 ноември, во 17 часот и ќе трае до вечерва во 22 часот. Причината е одржување манифестација и спроведување на безбедносниот протокол за настанот.
Од СВР Битола апелираат возачите да ги следат насоките на полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила за безбедно движење низ градот.
