Рама утре во посета, посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга

Рама

Возачите во Охрид и Струга утре, недела, 22 ноември, ќе треба да го приспособат движењето поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама. Посебниот сообраќаен режим и засилените безбедносни мерки ќе важат од 06:00 до 17:00 часот, соопшти СВР Охрид.

Мерките ќе го опфатат патниот правец од граничниот премин Ќафасан, преку Струга до селото Подмоље и вилата „Охрид“.

Посебен режим ќе има и на делницата од аеродромот „Св. апостол Павле“ до вилата „Охрид“.

Од СВР Охрид ги повикуваат граѓаните навреме да ги приспособат маршрутите и да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?