Шеесет и деветгодишна скопјанка е тешко повредена откако во неа удрило патничко возило на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, а возачот го напуштил местото на несреќата.
Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 ноември околу 9:50 часот. Повредената С.С. била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид извршила екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
