Блокада и турканица во Крива Паланка, граѓаните бараат контрола врз кравите

Граѓани на Крива Паланка денеска го блокираа магистралниот пат, незадоволни од неконтролираното движење на добитокот. Протестот беше проследен со турканица меѓу дел од учесниците и полицијата, чии околности засега не се разјаснети.

На собирот присуствуваа градоначалникот Сашко Митовски и пратениците Борислав Крмов и Љупчо Николовски.

Барање за постапување

Учесниците бараат надлежните да обезбедат трајно решение за проблемот. Жителите посочуваат на оштетен имот, уништени земјоделски посеви и загриженост за сопствената безбедност.

Протест во Крива Паланка

Собирот беше најавен како мирен граѓански протест под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“. Во повикот се бара навремена координација меѓу институциите.

За денеска во 13 часот беше свикана и вонредна седница на општинскиот Совет. На објавениот дневен ред е разгледување на состојбата и утврдување конкретни мерки, во рамките на законските надлежности, за заштита на граѓаните и нивните имоти. Објавата за свикување не содржи информации за исходот од седницата.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?