Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб.
Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека вториот пензиски столб нема да постои.
„Се брише членот 120 и се брише одредбата со која 6% од парите од придонесите, кои сите ние ги плаќаме за пензиско и инвалидско осигурување, 6% кои треба да одат во вториот столб, сега таа одредба се брише. Каде ќе одат парите? Дали тоа значи дека се елиминира вториот пензиски столб? Огромен скандал на повидок. Треба добро да се објасни. Христијан Мицкоски да каже зошто не се уплаќаат парите таму и зошто во новиот предлог-закон, кој е на ЕНЕР, се брише членот 120 за уплата на 6% од вкупниот придонес за пензиско осигурување во вториот столб”, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче укажа на сериозната состојба со пензискиот систем, и ризикот во кој се ставени и членовите на вториот пензиски фонд, односно дека над 5 милиони евра не се префлрени во вторито столб.
„ Освен што се пензионерите украдени, дупката во пензискиот фонд е милијарда евра. изминатите месеци не се уплаќаат парите од пензискиот фонд во фондовите за дополнително пензиско осигурување, таканаречениот втор столб. 50 милиони евра недостасуваат и притоа не ги уплаќаат парите во вториот столб. Се поставува прашањето: доведен ли е во ризик вториот столб на сите нас кои плаќаме таму пари за нашите идни пензии?”, праша Филипче.
Тој предупреди дека секое доцнење и неуплата повлекува и камата и побара да се утврди кој ќе ја преземе одговорноста за тие средства.
„Што ако се покренат тужби, ќе ги дадат ли парите плус камата, затоа што секое доцнење и неуплата повлекува и камата? Кој ќе ја преземе одговорноста за каматите?”, рече Филипче.

