Снимка од Скопје отвора прашање: Дали отпадот се транспортира според правилата?

До нашата редакција пристигна видео на кое загрижени возачи укажуваат на начинот на кој службено возило транспортира отпад низ Скопје. Снимката отвора прашање дали отпадот е соодветно обезбеден и дали ваквиот начин на транспорт ги исполнува условите за безбедно движење низ градските улици.

Според Законот за управување со отпадот, оние што собираат отпад се одговорни за неговото безбедно собирање и транспортирање до местото на предавање. Законот предвидува отпадот да се превезува со специјални или соодветни возила, затворени возила или контејнери со кои се спречува негово растурање и испаѓање за време на транспортот. 

Токму затоа начинот на кој е обезбеден товарот на возилото од видеото е прашање што заслужува одговор од надлежните институции. Од самата снимка не може да се утврди дали е прекршен пропис, ниту дали отпадот претставува реална опасност за другите учесници во сообраќајот.

Но, доколку при транспортот постои можност отпадот да испаѓа, да се растура или да предизвика загадување, одговорноста за безбедниот транспорт и евентуалната штета е на субјектот што го транспортира отпадот. 

До нашата редакција видеото го испратија граѓани кои се прашуваат дали ваквата практика е дозволена и кој врши контрола над начинот на кој службените возила го транспортираат отпадот низ Скопје.

Дали надлежните ќе проверат дали возилото и начинот на транспорт ги исполнуваат законските услови?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?