ТВ Телма: Градскиот воз пред Лисиче остана без електричен напон, доцнел 40 минути

градски воз

Први проблеми со градскиот воз. Возот кој синоќа во 20:12 часот тргнал од станицата Зелениково кон Скопје. Останал без напон пред станицата Лисиче и беше блокиран околу половина час на пругата.

Возот не можеше да продолжи ниту напред, ниту назад, а според официјалните информации, причина била прекин во напојувањето со електрична енергија.

Според патници, возот тргнал и полека се движел, но претходно тие немале можност да се симнат, бидејќи возот се наоѓал на непристапен терен, далеку од железничките станици. Доводот на струја постепено се нормализирал.

ТВ Телма ги објави реакциите од загрижени патници кои синоќа, наместо планираните 25 минути на патување кон Скопје, заглавиле 40 минути и со големо задоцнување пристигнале до крајната дестинација.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?