Уапсени 10 возачи, а со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници уапсиле 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци.

 По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?