(ВИДЕО) Османи: Културата на дијалог и компромис што ги негува Северна Македонија се инспирација за регионот

„Нашата култура на компромис, култура на дијалог, којашто, за жал, е сѐ поретка не само во регионот, туку и во светот ја прават Северна Македонија референца за тоа како европската идеја може да се прошири во регионот“, истакнува во интервјуто за Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Фактот што имаше сериозен прогрес сега во Брисел (во дијалогот Белград- Приштина), фактот што тој прогрес може да добие конечна форма токму во Охрид прво има своја симболика заради успесите на Охридскиот рамковен договор нудејќи модел како се решаваат етничките прашања и е признание за Северна Македонија како важен чинител во регионот, односно како контрибутор на стабилност и безбедност во регионот, рефлектирајќи ја на тој начин нашата функционална меѓуетничка демократија – нагласува Османи

Во интервјуто за Рацин.мк министерот Османи вели дека „во регионот има две потенцијални слаби алки, слаби точки. Едно е косовско-српскиот спор и второ е Босна и Херцеговина и потешкотиите во функционирањето на Дејтонскиот договор“ и дека „затворањето не едно од овие две прашања ќе биде значителен исчекор во конечно за негово стабилизирање, за помирувањето и за натамошното евро-атлантско консолидирање на Западен Балкан“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира