Викендов тест од понеделник казни во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР

Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците во регионот. Со тоа автоматскиот надзор на сообраќајните прекршоци се проширува и во југозападниот дел од државата.

Од МВР посочуваат дека системот ќе овозможи континуирана контрола на сообраќајот, навремено откривање на прекршоците и поголема дисциплина кај возачите.

Проширувањето на „Безбеден град“ претходно го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад на 25 септември. Тогаш беше најавено дека до 12 октомври ќе завршат подготовките на командниот центар и останатите активности потребни за функционирање на системот.

„Безбеден град“ во земјата се применува од 1 февруари годинава, по период на тестирање и приспособување. Според МВР, системот придонесува за подобрување на сообраќајната безбедност преку автоматско регистрирање на прекршоците.

Од Министерството апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?