Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во недела, 27 септември, во општина Илинден поради одржување улична атлетска трка, информира Министерството за внатрешни работи.
Трката, во организација на Атлетскиот клуб „Скопски Маратон“, ќе почне во 8 часот од улицата „9“, пред Домот на културата во Илинден.
Учесниците ќе се движат по улицата „534“ во Илинден, улицата „532“ во Марино и улицата „10“ во Кадино. На кружниот тек во Кадино ќе се вратат по истата траса, а потоа ќе продолжат по улицата „2“ до Домот за стари лица и назад кон целта пред Домот на културата.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, а возилата ќе бидат пренасочувани по околните сообраќајници.
Од МВР апелираат возачите да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници додека трае трката.

