За едно деноноќие 41 пожар низ Македонија, шест останаа активни

Вкупно 41 пожар на отворен простор бил регистриран во Македонија во периодот од 1 до 2 септември, од кои 30 биле изгаснати, шест останале активни, а пет биле ставени под контрола, покажува утринскиот пресек на Центарот за управување со кризи.

Активни пожари имало во шест општини. Кај Штип горела ниска вегетација меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, додека во Струшко била зафатена шума во реонот на Пискупштина, Луково и Буринец.

Во Сарај пожарот бил активен кај Копаница, каде биле зафатени нискостеблеста шума и ниска вегетација, а кај Палиград во Општина Студеничани гореле ниска вегетација и мешана шума.

Пожарникарите интервенирале и кај Грачани во Општина Ѓорче Петров, каде горела нискостеблеста шума, како и кај местото Дардара, во близина на кичевското село Тајмиште, каде пожарот зафатил ниска вегетација и мешана шума.

Под контрола биле пожарите во реонот на селата Битово, Заград и Страјане, како и кај Драгов Дол и Белица во Општина Македонски Брод. Под контрола биле и пожарот над Палиград во Општина Зелениково и пожарот на градската депонија во Делчево.

Во текот на деноноќието биле изгаснати 30 пожари на повеќе локации низ земјата. Огнот зафаќал ниска вегетација, стрништа, ѓубришта и депонии, но и нискостеблеста, борова и мешана шума. Изгаснати пожари биле регистрирани во повеќе општини, меѓу кои Велес, Чашка, Демир Капија, Струмица, Валандово, Гостивар, Прилеп, Куманово, Липково, Струга и други.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?