Зелен коридор покрај Вардар ќе го штити Гостивар од загаден воздух

Гостивар

Во Општина Гостивар започна спроведувањето на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ што го реализира УНДП.

Проектот предвидува да се формира зелен коридор на кејот на реката Вардар на површина од 13.000 метри квадратни на кој ќе бидат засадену над 3000 растенија, вклучувајќи дрвореди, грмушки, ароматични растенија и полско цвеќе.

Оваа интервенција ќе придонесе за подобар квалитет на воздухот, намалување на прашината, повеќе сенка, подобра микроклима и поголема еколошка вредност на просторот долж реката Вардар.

Урбаната ревитализација и рехабилитација преку природно-базирани решенија и зелена инфраструктура се добри за намалување на аерозагадувањето, ограничување на ресуспензијата на минералната прашина и создавање поздрава урбана средина.

Кејот во Гостивар се збогатува со зелен, функционален и пријатен простор за движење, рекреација и одмор за граѓаните.

Проектот, e финансиран од Шведска Embassy of Sweden in Skopje, во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Општина Гостивар, како дел од  Програмската рамка на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Најчитано