Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на чаирчани не се знае каде отишле, претставува голем скандал и бара итна и транспарентна истрага.
Обвинението дека толку голема сума народни пари не се трошат јасно укажува на сериозна злоупотреба на средствата на граѓаните и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Чаирчани заслужуваат јасен одговор:
Каде се инвестирани овие пари? Кој е одговорен за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да преземат детални финансиски ревизии за да се разјасни како се управувало со овие средства и дали имало злоупотреба.
Транспарентноста и отчетноста се обврски кон граѓаните и никој не може да се крие зад политичките игри кога се во прашање даноците на луѓето.