Речиси две третини од Французите не се задоволни од изборот на Франсоа Бајру за премиер

Околу 64 отсто од Французите се незадоволни од именувањето на Франсоа Бајру за премиер, покажува истражувањето.

Анкетата, нарачана од Radio Sud од агенцијата Ifop-Fiducial меѓу 1.000 луѓе на 17 и 18 декември, ги прикажува предизвиците со кои се соочува Бајру за да ги спроведе реформите и да го намали дефицитот на Франција.

Шеесет и седум отсто од испитаниците веруваат дека новата влада наскоро ќе се соочи со гласање за недоверба – слично на кабинетот на соборениот Мишел Барние, покажа истражувањето.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?