Со 52 гласови „против“, 7 „за“ и без „воздржан“, Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоињковиќ, поднесена од коалицијата за Европски фронт.
Претходно собраниското мнозинство, со три гласови „за“, 64 „против“ и без „воздржан“, ја отфрли интерпелацијата и за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“.
Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниеден „воздржан“, пратениците во текот на денот ја изгласаа интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути од ДУИ. Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на Левица, поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него.