Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта: „Очекуваме позитивен дијалог со Трамп“

Европската унија очекува позитивен дијалог со новата американска администрација заснован на заеднички вредности и интереси, изјавија претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.

И двајцата нагласија дека очекуваат позитивен дијалог со новата американска администрација заснован на заеднички вредности и интереси, истакнаа тие.

„Во суровиот свет, Европа и САД заедно се посилни“, рекоа фон дер Лајен и Кошта во координирана изјава објавена на социјалните мрежи.

ЕУ дури сега се огласи после коментарите на Трамп за Канада и Гренланд

Лидерите на институциите на ЕУ за првпат се изјаснија по серијата потези на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кои предизвикаа вознемиреност низ целиот континент.

Трамп во последните денови изјави дека ја сака Канада како 51-ва американска држава, потоа дека го сака Гренланд, (остров во рамките на Данска кој ужива голема автономија), како и дека сака контрола над Панамскиот канал.

Освен тоа, блискиот соработник на Трамп, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, продолжува да се меша во политичките процеси во европските земји.


„Икс“ веќе со недели на социјалните мрежи ја напаѓа британската влада на премиерот Кир Стармер и отворено ја поддржува германската крајнодесничарска Алтернатива за Германија во очи на предвремените избори кои трба да се одржат на 23 февруари.

„Ние сме посветени на зајакнување на трансатлантските врски“

Кошта и Фон дер Лајен наведуваат дека САД се еден од најблиските партнери на Европа и дека ЕУ е посветена на зајакнување на трансатлантските врски, но и дека секогаш ќе ги штити своите граѓани, интегритетот на своите демократии и слободата.

„Од суштинско значење за ЕУ ​​е да ги заштити и зајакне нашите основни демократски вредности, да ја направи економијата на ЕУ поконкурентна и одржлива, да ја прошири својата глобална мрежа на партнерства и да инвестира повеќе во безбедноста“, пишува во соопштението.

Фон дер Лајен и Кошта заклучија дека ЕУ секогаш ќе ги штити своите граѓани и интегритетот на нејзините демократии и слободи.

Зачлени се на нашиот е-билтен