Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: САД ја санкционираше Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва потврди дека САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и додаде дека Србија ништо не придонела за тоа.

Во обраќање до граѓаните, тој рече дека САД издале официјално соопштение за тоа и оти тие само што почнале „одлуките да ги објавуваат на нивните веб-страници“.

„Добивме многу објаснувања во актот за предизвестување и сакам да кажам дека тие објаснувања ќе продолжиме да ги добиваме вечерва и утре во разговори со највисоките американски претставници … кои се наши гости во Белград“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека „Србија на никаков начин не придонела за воведување вакви санкции против компаниите кои работат во нејзината земја“.

„Ние на никаков начин не се мешавме во судирите на големите сили, во глобалниот конфликт, бевме внимателни, се дистанциравме … не заземавме ничија страна, денес сме соочени со тешки и сериозни санкции“, рече тој.

Вучиќ изјави дека за ова прашање ништо не се крие од граѓаните на Србија и дека владата била транспарентна за се што дознала, иако, како што рече, понекогаш американските партнери биле лути поради тоа што владата излегувала во јавност пред да сакаат тие“.

„Не сакавме да ги измамиме граѓаните на Србија и им ја кажавме вистината …“, рече Вучиќ и додаде дека за официјален Белград „многу важни работи сè уште остануваат недоволно јасни и разјаснети“ во врска со американските санкции за НИС.

Тој потсети дека српската влада го продаде НИС на руски Газпромњефт во 2008 година.

„Тогашниот претседател Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница донесоа одлука една од најважните компании да му ја предадат на Газпромњефт, се разбира за соодветна сума. Сите овие години НИС значително придонесе и за буџетот и за бројните развојни проекти на Србија“, рече Вучиќ и додаде дека САД воведоа санкции за НИС неколку дена пред промената на власта во Ваингтон.

„Намерата не е Србија, барем така велат, Американците не ја таргетираат, ниту е само НИС, туку сеопфатен удар на Русија, која нема производство на нафта, туку и сите поврзани компании, вклучително и НИС“, рече српскиот претседател.

Зачлени се на нашиот е-билтен