Најмалку тројца мигранти загинаа денеска во Ла Манш во близина на северниот брег на Франција, кога група од околу 50 луѓе тргнале со мал брод, надевајќи се дека ќе стигнат до Велика Британија, соопштија властите.
Инцидентот се случил во Сангат околу 6 часот наутро, се вели во соопштението на француската поморска префектура за Ламанш.
Потврдено е дека тројца мигранти починале откако биле пронајдени без свест, додека 45 лица се спасени и третирани главно од хипотермија, соопштија властите, додавајќи дека продолжува операцијата за потрага по други можни жртви.