Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Бања Лука изјави дека никој нема да го донесе во Обвинителството на Босна и Херцеговина во Сараево, наведувајќи дека полиција на Република Српска ќе го заштити.
“Мене да ме приведат? Никој нема да ме уапси. Друго, полицијата е таму за да го одржува редот и мирот во Република Српска и ќе го направи тоа. Тие имаат задача да ја осигураат мојата безбедност како претседател и нашите институции. Затоа, се разбира дека нема да дозволи никакви движења од тој вид“, рече Додик во интервју за новинар од хрватската РТЛ.
На прашањето дали доброволно ќе одговори на сослушувањето во државното обвинителство во Сараево, Додик рече дека „нема причина доброволно да се пријави кога станува збор за институција која не е во согласност со Уставот“.
„Од друга страна, Државното обвинителство постапува според одлуката на странец (високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит), кој дал наредба и од тоа црпат кривично дело. Покрај тоа, исклучиво муслиманите покренуваат ваква харанга против Република Српска“, рече Додик, додавајќи дека „ќе се види дека тие не можат да го спроведат својот план“.
На прашањето дали е можен инцидент меѓу полицијата на Република Српска и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА), која доби наредба да го приведе, тој одговори: „Бидејќи ја сакам таа игра, таа секогаш завршува со некој инцидент – позитивен“.
На новинарско прашање повторно дали полицијата на Република Српска ќе влезе во конфликт во случај на обид за апсење, тој одговори дека „секако дека ќе влезе во конфликт“.
Кога новинарот инсистираше дали се можни инциденти доколку некој се обиде да го приведе или дали ќе реагира полицијата на Република Српска, Додик прво рече дека „нема да има конфликт“ и дека „нема потреба од тоа“, а потоа рече дека „не е можен инцидент“ и дека „полицијата ќе реагира“.
На прашањето зошто доброволно не одговорил на повикот на Обвинителството на БиХ, кое го товари за напаѓање на уставниот поредок, Додик одговори: „На кого да одговорам, на што да одговорам„Овде убаво објаснувам дека ниту тој суд, ниту обвинителството не се предвидени со Уставот на БиХ“, рече Додик и го заврши интервјуто.