Лавров: Вучиќ лично му вети на Путин сојуз со нас, Кина е на наша страна

Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, раскажа како српскиот претседател, во разговор со Владимир Путин, ветил дека Србија никогаш нема да се приклучи на Европската Унија под антируски услови, пренесуваат балканските медиуми, повикувајќи се на руската новинска агенција ТАСС..

„Претседателот Александар Вучиќ, во разговорите со претседателот Владимир Путин, постојано повторуваше дека европската перспектива ја гледа првенствено како економски интерес на Србија и како интерес за интеграција во инфраструктурата создадена од ЕУ“, рече Лавров, нагласувајќи: „Интересот на Србија секогаш ќе се реализира без да се загрозат односите со Русија“.

„Според сите социолошки истражувања, српскиот народ историски имал многу позитивен став кон Руската Федерација, како и кон Народна Република Кина“, објасни Лавров.

„Српскиот народ треба да се праша каква иднина гледа за себе, а претседателот Вучиќ го разбира ова совршено добро“, нагласи рускиот дипломат број 1.

„Ние го почитуваме овој став. Но, исто така, слушаме што вели Европа. На Србија ѝ се вели: можете да продолжите, но сега, ми се чини, го замрзнаа овој процес, можете да ги продолжите преговорите за пристапување ако исполните два услови: признајте ја независноста на таканареченото Косово, што е доволно за да се разбере антисрпската природа на ставот на Брисел, и второ, мора да ги почитувате сите, без исклучок, санкции што Европската Унија ги воведува против Руската Федерација. Тоа е сè. Со други зборови, тие се обидуваат да ја претворат Србија во некаков вид тампон-зона за конфронтација со Русија“, рече Сергеј Лавров.

Според него, за разлика од Европската Унија, Русија била заинтересирана да има обединувачка инфраструктура на Балканот – економска, културна и која било друга.

„Истата цел за обединување и максимизирање на взаемната корист ја следи и кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“, која е исто така многу популарна на Балканот и активно се промовира. Затоа ние, се разбира, како и Народна Република Кина, сме на страната на српскиот народ. Не се сомневам дека ќе го почитуваме изборот на српскиот народ.“

„Треба да се прашаат каква иднина гледаат за себе. А претседателот Вучиќ совршено го разбира ова и го чувствува расположението на своите граѓани како голем политичар со искуство“, заклучи Сергеј Лавров.

Зачлени се на нашиот е-билтен