Човекот пронајден мртов на планината Витоша бил нападнат и убиен од две мечки – мала и голема. Ова го покажува вештачењето спроведено од судски лекар и експерт за крупен дивеч, изјавија од софиската полиција за Бугарската телевизија.
Вештаците прецизираат дека ова го покажуваат трагите на телото на човекот.
Ќе бидат наредени дополнителни вештачења, а материјалите собрани досега за случајот ќе бидат испратени до обвинителството.
Вчера, во природниот парк Витоша во областа на колибите Звездица и Еделвајс, пронајдено е тело на маж во туристичка облека. Областа била оградена.
Починатиот имал 35 години, а од Одделот за итни случаи објасниле дека веднаш реагирале на сигналот. Кога медицинските лица пристигнале на местото на настанот, го пронашле обезличеното тело, со голема рана на потколеницата. Екипата за итни случаи ја потврдила смртта.
