Говорејќи во Њујорк на свечен настан на Советот за албанско-американски односи, Рама оцени дека Вашингтон можел да направи повеќе за да спречи да започне процесот против Тачи и поранешните команданти на ОВК во Хаг.
„Тачи не е тука денес затоа што оваа земја го предаде“, изјавил Рама, додавајќи дека не смета оти САД требало да интервенираат во самата судска постапка, туку дека можеле да спречат таа да започне.
Рама претходно, пред изрекувањето на пресудата, јавно го поддржа Тачи и процесот во Хаг го нарече „фарса“. На 16 септември Тачи беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства, при што тој ги отфрли обвиненијата.
Изјавата на Рама доаѓа откако и албанскиот парламент неодамна усвои декларација со која ја критикува пресудата против Тачи и другите поранешни лидери на ОВК.

