Со низа настани во Србија денеска ќе биде одбележан Денот на државноста во спомен на Сретење во 1804 година, кога било кренато Првото српско востание, и истиот ден во 1835 година, кога бил прогласен првиот устав на Кнежеството Србија, познат како Сретењски устав.
Во Сремска Митровица денеска ќе се одржи голем собир по повод Денот на државноста, на кој ќе говори српскиот претседател Александар Вучиќ.
Собирот насловен „Се среќаваме кај Сретење“ ќе започне во 17 часот на платото пред спортскиот центар „Пинки“.
Од друга страна студентите ги продолжуваат со протести низ цела Србија, а вчера финишираше големиот марш до Крагуевац под мотото: „Трчаме кон слободата, немаме време да чекаме“.
Пред Основниот суд Ниш во петокот се собраа и претставници од сите средни училишта во градот Ниш, заедно со голем број жители. Ја блокираа главната градска раскрсница и испратија група студенти во Крагуевац.
По протестниот марш, толпата пристигна до зградата на Управата на училиштето, извикувајќи „Сакаме правда“.
Вработените во Здравствениот дом Ниш се собраа пред оваа институција и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Со студентите стоиме“.
Во Зрењанин се одржа протест во центарот на градот на покана на студенти од Техничкиот факултет. Професор им рече на студентите, работниците во образованието и граѓаните дека тие се „херои на улиците и гордоста на нивните родители“.
Под слоганот „Шириме љубов – шириме правда“, белградските средношколци се собраа на централниот плоштад во главниот град, а потоа маршираа до зградата на Републичкото јавно обвинителство, каде што оддадоа 15-минутно молчење за жртвите од катастрофата во Нови Сад. Беа одржани настапи на хор и бенд од музичко училиште, а потоа и хуманитарен базар.
Во Нови Сад, вработените во Српскиот народен театар го блокираа сообраќајот на раскрсница и 15 минути молк.
Луѓето ширум Србија со 15-минутно молчење, почнувајќи од 11:52 часот, им оддадоа почит на жртвите од катастрофата во Нови Сад. Бетонска покривка на неодамна реновираната главна железничка станица во Нови Сад се урна токму во тоа време на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Оваа трагедија и нападите врз студентите ги поттикнаа тековните протести во Србија.