Србите ги пребројаа камерите во Македонија: Има пет

камерите
Фото: ЈПДП

Многу граѓани на Србија наскоро ќе бидат на пат кон Грција, а оние кои планираат да стигнат до своите омилени места за одмор со автомобил треба да бидат особено внимателни кога минуваат низ Северна Македонија, укажуваат српрските медиуми.

Потсетуваат дека на една од најфреквентните рути кон грчката граница, низ Македонија, се воведени нови контроли на брзината, па возачите можат да очекуваат многу построг надзор на автопатот ова лето.

Според информациите објавени од веб-страницата nikana.gr, по патот до преминот Евзони се поставени пет нови камери за брзина. На туристите им се препорачува внимателно да ги следат ограничувањата и да избегнуваат нивно надминување, бидејќи казните можат да бидат многу високи и непријатно изненадување веќе на почетокот на одморот.

Посебна претпазливост се препорачува на делниците каде што ограничувањето е намалено на 70 километри на час. Токму на тие места најчесто се наоѓаат полициски патроли и радари, често поставени зад кривини или на помалку видливи делови од патот.

На инстаграм профилот на Nikana.gr е објавен список на локациите на пет нови камери за брзина на патот низ Северна Македонија до Грција:

– Пред исклучувањето за Скопје

– Пред најпознатото место за одмор во Македонија – Бастион Плаза кај Катланово

– Многу блиску до второто – околу 5 км од зоната за одмор по Бастион Плаза

– По исклучувањето за Велес

– По четвртата наплатна рампа, веднаш на излезот од тунелот

Обрнете посебно внимание на деловите со ограничување на брзината од 70 км/ч, таму најчесто се наоѓаат патроли и радар, а има и многу места по патот, најчесто зад кривини – наведува Nikana.gr.

Најчитано