Професорот на Правниот факултет во Нови Сад, Бојан Пајтиќ, денеска предупреди дека владата почнала со обид да ги заплаши студентите кои ги блокираат факултетите со добивање покани да дадат изјави во полиција.
„Формираат случаи за да ги гонат децата за блокадите. Зад помирливите изјави и апсењата на најбезначајните државни функционери, тие ја кријат својата намера да се занимаваат со студенти“, истакна Пајтиќ во објавата на својот Фејсбук профил.
Покрај фотографијата од службената белешка од вчера, на која се гледа дека на рочиштето бил и студентот Бранислав Ѓорѓевиќ, Пајтиќ оцени дека властите „забележале дека енергијата на протестот малку паднала“ и сега се осмелуваат да постапат по кривичната пријава за блокадата на Правниот факултет во декември.
„Нема откажување, луѓе, таква раса ќе се одмазди на секого, само ако добијат шанса. Оваа службена белешка е доказ колку се жедни и желни за одмазда“, рече Пајтиќ.
Тој им порача на студентите доколку добијат покани во полиција или обвинителство, тие покани да ги објават на интернет, да се јават и да пријават за да можат сите да дојдат со нив.
„Нема страв од измеќари кои ја злоупотребуваат власта и ги тераат полицијата и обвинителството да се валкаат во нивната кал“, додаде Пајтиќ, наведувајќи дека сега сите мора да се солидаризираат.