Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трет ден на жалост во Црна Гора, еден од застреланите е сѐ уште е во критична состојба

Во Црна Гора е трет ден на жалост за убиството на 12 и ранувањето на четири лица во Цетиње. Граѓаните со свеќи и цвеќиња им оддаваат почит на настраданите.

Еден пациент кој беше ранет во престрелката во Цетиње се уште е во критична состојба, соопшти Црногорскиот клинички центар.

Премиерот Милојко Спајиќ по седницата на Советот за национална безбедност го најави новиот закон за оружје и рече дека секој што го има ќе биде подложен на ригорозни проверки.

Со палење свеќи во повеќе црногорски градови граѓаните им оддаваат почит на жртвите од масовното убиство.

Владата на Србија ќе одржи седница на која ќе се одлучува за предлогот на претседателот Александар Вучиќ во недела да се прогласи Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Цетиње.

Зачлени се на нашиот е-билтен