Фудбалерите во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига сезонава ќе бидат суспендирани по четири жолти картони во лигашката фаза. УЕФА денеска ги појасни дисциплинските правила за натпреварувањата: претходно суспензија следуваше по три жолти картони.
По четвртиот жолт картон, фудбалерот го пропушта следниот натпревар. Нова суспензија следува по шестиот, осмиот и секој нареден парен број жолти картони. Опомените и суспензиите заработени во квалификациите се бришат пред почетокот на лигашката фаза, додека суспензиите по црвен картон остануваат во сила.
Жолтите картони се бришат по завршувањето на четвртфиналето и не се пренесуваат во полуфиналето. УЕФА појаснува дека веќе стекната суспензија поради собрани картони сепак мора да се одработи.
