Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Убиството на лидерот на Хамас не помага во напорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека убивањето на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије не помага во напорите да се постигне прекин на огнот во Газа, пренесува Ројтерс.

По убиството на Ханије постои зголемен ризик за ескалација на конфликтот на Блискиот исток, откако и Иран се закани дека ќе се одмаздува против Израел.


Хамас и Револуционерната гарда на Иран ја потврдија смртта на Ханије, кој учествуваше во посредните разговори за прекин на огнот во Газа. Според жителите на Газа, убиството на Ханије само ќе ја продолжи војната.

„Не помага“ им одговори Бајден ан новинарите запрашан за тоа дали убиството на Ханије ги уништило шансите за договор за прекин на огнот.

Бајден исто така рече дека разговарал со израелскиот премиер Нетанјаху.

Владата на Нетанјаху не ја презеде одговорноста, но тој рече дека Израел во последно време им нанел тешки удари на полномошниците на Иран, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах со седиште во Либан, и дека ќе одговори силно на секој напад.

Тензиите помеѓу Израел и Иран и Хезболах ги разгореа стравовите за поширок конфликт во регионот, откако нападите на Израел врз Газа убија десетици илјади и предизвикаа хуманитарна криза.

Зачлени се на нашиот е-билтен