Во среда американскиот претседател Џо Бајден ќе го одржи својот последен говор до нацијата од Белата куќа, само пет дена пред инагурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Со овој говор Бајден ќе го заврши својот четиригодишен мандат и најверојатно и повеќе од половина век политички живот.
Претходно во среда Бајден ќе има говор и во американскиот Стејт депармент, каде што ќе се разговара за ефектите од неговата надворешна политика.
Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, соопшти дека Бајден ќе се осврне и на своите над 50 години минати како државен функционер.
„Тој има некои размислувања за иднината, не само за земјата, туку и за тоа како оваа земја напредува како лидер, кога станува збор за глобални настани, важни глобални прашања, тој секако ќе зборува за тоа“, рече таа.