Двајца загинаа во руски напад врз Киев

Најмалку две лица загинаа во руски напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија градските власти на украинската престолнина.

Во Киев околу 3 часот по полноќ била прогласена воздушна тревога поради опасност од балистички ракети, по што во градот одекнале повеќе експлозии.

Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека последици од нападот се регистрирани во повеќе делови од градот. Во Дарницкиот реон избувнал пожар во гаражен комплекс, каде што биле пронајдени телата на две лица. За време на интервенцијата биле спасени уште две лица.

Погодени биле и нестанбени и магацински објекти во други делови на Киев, а службите за итни интервенции биле испратени на терен.

Руски напади во текот на ноќта биле регистрирани и во други делови на Украина. Според украинските власти, оштетени биле индустриски и транспортни објекти во повеќе градови.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?