Холандскиот крал се извини за историската улога на земјата во ропството

– Холандскиот крал Вилем Александар денеска се извини за улогата на Холандија во ропството низ историјата и за последиците што ги има и денес.

Кралот зборуваше на церемонијата по повод 160-годишнината од законот за укинување на ропството во Холандија, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колонии на Карибите.

-На овој ден, кога се сеќаваме на холандската историја обележана со ропство, барам прошка за ова злосторство против човештвото, нагласи тој, додавајќи дека расизмот останува проблем во холандското општество и дека неговото извинување нема да биде поддржано од сите. 

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?