Клебсиелата сè потешко се лекува, растат опасните инфекции во Европа

Бактерија отпорна на антибиотици сè повеќе го отежнува лекувањето во европските болници. Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупредува на ширењето на Klebsiella pneumoniae, кај која дел од соевите стануваат отпорни и на понови лекови.

Проценетата зачестеност на инфекциите на крвотокот предизвикани од клебсиела отпорна на карбапенеми во ЕУ пораснала за 72 отсто меѓу 2019 и 2025 година. Карбапенемите се антибиотици резервирани за тешки инфекции.

Овие инфекции се поврзани со висока смртност, а ограничениот избор на ефикасни лекови дополнително го отежнува лекувањето. Особено загрижува појавата на соеви што ја комбинираат отпорноста со поголема способност да предизвикаат тешко заболување.

ЕЦДЦ бара посилна болничка контрола преку хигиена на рацете, дезинфекција, навремено откривање и изолација на засегнатите пациенти. Потребна е и внимателна употреба на антибиотиците за да се зачува нивната ефикасност.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?