Маѓар: Правата на Унгарците прво, па ЕУ преговори за Украина

Маѓар

Унгарскиот премиер Петер Маѓар порача дека правата на унгарското малцинство во Украина остануваат клучен услов за Будимпешта да даде зелено светло за напредок на украинските преговори за членство во Европската Унија.

Според неговите изјави, Унгарија очекува конкретни законски гаранции за јазичните, образовните и културните права на етничките Унгарци во украинскиот регион Закарпатија, пред да се деблокира процесот на евроинтеграција на Киев. Маѓар ова прашање го отворил и во разговори со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при што биле иницирани технички консултации меѓу унгарската и украинската страна.

Во изминатите години, односите меѓу Унгарија и Украина беа оптоварени токму со спорот околу правата на унгарското малцинство, а Будимпешта повеќепати го користеше правото на вето во рамки на европските институции за да изврши притисок врз Киев.

Маѓар, кој по доаѓањето на власт најави поинаков пристап кон Европската Унија од неговиот претходник Виктор Орбан, сепак нагласува дека Украина не може да очекува забрзано членство без исполнување на условите што се однесуваат на правата на малцинствата и на целосното спроведување на европските стандарди.

Најчитано