Маск: Твитер го ограничи бројот на твитови што луѓето можат да ги гледаат дневно

Сопственикот на Твитер Илон Маск денеска објави дека платформата привремено го ограничила бројот на твитови што корисниците можат да ги прочитаат во еден ден.

Маск напиша на Твитер дека неверификувани профили можат да читаат до 600 објави дневно.

Од друга страна, верификуваните профили се привремено ограничени на читање на шест илјади објави дневно. Маск посочи дека новите неверификувани профили можат да видат само 300 објави дневно.

Во изјавата, тој рече дека привремените ограничувања за читање се поставени за да се решат „екстремните нивоа“ на собирање податоци и манипулација со системот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира