Морничаво: Две секири со испишани имиња „Алексија“ и „Амалија“ биле наменети за напад врз принцезите на Холандија

Холандија
Принцезите Амалија, Алексија и Аријана

33-годишен маж ќе се појави на суд следната недела откако беше приведен под сомнение дека планирал напад врз две холандски принцези, соопштија обвинителите во во Хаг, јавува Евроњуз.

Според деталите во судската наредба за закажување, објавена на веб-страницата на Јавното обвинителство во Хаг, мажот е осомничен дека подготвувал напад врз 22-годишната наследничка на холандскиот престол, принцезата Амалија, и нејзината 20-годишна сестра, принцезата Алексија, во Хаг во февруари.

„Осомничениот наводно поседувал две секири на почетокот на февруари со врежани зборови „Алексија“, „Мосад“ и „Зиг Хајл“, а наводно имал и рачно напишан лист со зборовите „Амалија“, „Алексија“ и „Крвава бања“, се вели во наредбата за закажување.

Портпаролот на Јавното обвинителство во Хаг одби да даде дополнителни детали за случајот пред процедуралното рочиште во понеделник.

Не беше јасно каде или кога мажот бил уапсен. Името на осомничениот не беше објавено, во согласност со холандските прописи за приватност.

Кралската куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Принцезата Амалија и претходно се соочила со закани. Наследничката на холандскиот престол беше принудена во 2022 година да се откаже од студентскиот живот во Амстердам и да живее во палатата на нејзините родители поради закани за кои се верува дека доаѓаат од криминалното подземје.

Кралицата Максима во тоа време изјави дека Амалија „не може да го напушти домот“ и дека тоа има „огромни последици за нејзиниот живот“.

Најстарата од трите холандски принцези потоа помина неколку месеци живеејќи во Мадрид, а подоцна им оддаде почит на шпанската престолнина и нејзините граѓани за нивното гостопримство со отворање градина со лалиња таму.

Во 2020 година, еден маж беше осуден за закана кон принцезата и за испраќање закани преку Инстаграм до тогаш 16-годишната Амалија и еден од нејзините пријатели.

Зачлени се на нашиот е-билтен